Во најефикасниот меч, тимот од Тел Авив, славеше триумф на гостувањето во Милано кај Армани 111-102. Најефикасен во тимот на Макаби беше Норис Кол со 19 поени, а еден помалку (18) постигна Дешон Томас. Во редовите на Армани, најдобар поединец беше американецот со македонски пасош Џордан Теодор кој за 28 минути постигна 22 поени.

На останатите четири средби победи остварија домашните екипи.

Во Белград, Црвена звезда го совлада Олимпијакос со 89-78. Лидерот на табелата московска ЦСКА стигна до 16-тата победа со триумфот на германскиот Бамберг со 81-72. Актуелниот шампион Фенербахче во неизвесен меч ја победи Барселона со 86-82, додека шпанското првак Валенсија го совлада Химки со 85-83.

ЦСКА Москва е на првата позиција на табелата со 16 победи и 4 порази, пред Фенербахче кој има две победи помалку (14-6), по што со „скор“ 13-7, следуваат Реал Мадрид, Панатинаикос и Олимпијакос./МИА

Датум на објава: сабота, 27 јануари 2018 во 10:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар