Ова за шампионот е вкупно 11-та победа и се проби на второто место на табелата пред Болокотехна, но со натпревар повеќе. Лидер е Работнички со 13 победи од 13 натпревари.

„Металците“ убедливата победа ја најавија откако на полувремето водеа со 52:27. Најефикасен кај победникот беше Бојан Трајковски со 17 поени.
Од 14.коло од Првата кошаркарска лига вечерва се игра дуелот во Куманово меѓу Карпош Соколи и Куманово.

Другите четири натпревари се играат утре: Блокотехна - Шкупи, Гостивар - Пелистер, АВ Охрид - Фени Индустри и Работнички - Кожув./МИА

Датум на објава: петок, 26 јануари 2018 во 20:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар