Кристоферсон денеска успеа да го совлада Хиршер на слаломската трка одржа денеска на во австрискиот ски-центар Кицбил.

До својата прва победа сезонава Норвежанецот стигна со вкупно време по двете трки од 1 минута 48.49 секунди што беше подобар резултат за 97.стотинки од Хиршер.

Третото место му припадна на Даниел Јул кој имаше 1 секунда и 35 стотинки послабо време од победникот.

Инаку, за Кристоферсон ова е петнаесетта победа во слалом, а вкупно шеснаесетта во неговата  кариера.


Сепак, Хиршер е пред Кристоферсон кога во прашање е генералниот поредок. Во слалом Хиршер досега има освоено 634 бодови, додека Кристоферсон 535, додека во севкупниот Генерален пласман Австриецот има 1.054 бодови, додека Норвежанецот 900./МИА 

Датум на објава: недела, 21 јануари 2018 во 16:36
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар