Афлало во 17. минута со тупаници се нафрли врз противничкиот играч Немања Бјелица. Србинот се обиде да се одбрани држејќи го Афлало.

За инцидентот двајцата заработија исклучување.

По натпреварот Бјелица ја објасни ситуацијата.

- Се обидов да се заштитам откако ме нападна. Разбирам дека во жарот на играта некогаш се губат нервите, но не знам што не е во ред со тој играч, истакна Бјелица.

Датум на објава: петок, 19 јануари 2018 во 11:19
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар