Олимпик, вечерва пред својата публика во Марсеј го совлада Стразбур со 2-0 во меч од 21.коло на францускиот шампионат. Стрелци на головите за Олимпик беа Клинтон Н'Жие (79.минута) и Димитри Паје на три минути пред крајот (87).

Со трите освоени бодови Олимпик Марсел сега изби на второто место на табелата со вкупно 43, односно два повеќе од Монако и Олимпик Лион.
Вечерва тимот на Монако го пречекува составот на Ница, додека утре Лион гостува кај Генгамп.

Победа од 2-0, но на гостински терен вечерва забележа и екипата на Каен против Бордо. Гостите головите ги постигнати во последните две минути, кога Иван Сантини во 89.минута го постигна првиот, а Рони Роделин беше стрелец на вториот гол (90+4)./MИА

Датум на објава: вторник, 16 јануари 2018 во 21:51
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар