Предводени од Лино Червар на селекторското место и од Лука Циндриќ на плејмејкерската позиција, Хрватите ја потврдија улогата на фаворит и на задоволство на 11-илјадната публика во „Спаладиум Арена“ ги освоија првите два бода.

Вардарецот Циндриќ беше задоволен од начинот на кој неговото репрезентација го отвори првенството.

- Важно е што стартувавме со победа. На крајот победивме со неочекувано висока разлика. Им честитам на моите соиграчи за борбеноста од првата до последната минута. Игравме така како што се договоривме, изјави Циндриќ.

По првата рунда во А-групата, Хрватска и Исланд имаат по два бода, Шведска и Србија се без бодови.

Првото коло синоќа се комплетира и во Б-групата, по кое првите победи ги постигнаа Франција и Белорусија над своите ривали Норвешка, односно Австрија.

Датум на објава: сабота, 13 јануари 2018 во 09:51
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар