Предводени од селекторот Раул Гонзалес „црвено-жолтите„ тренираа во салата „Дом Спортова“,која служи за тренинг на репрезентациите учеснички Европскиот шампионат, односно оние кои Ц групата кои ќе играат во Загреб.

Утре, македонската селекција ќе тренира во загрепска „Арена“, каде во сабота од 19 часот и 30 минути ќе го одиграат првиот меч на шампионатот против Словенија.

- Треба да се сконцентрираме на она што најдобро го правиме, дали било тоа во одбраната или во нападот. Само со таков пристап и со максимална ангажираност и борбеност можеме да направиме позитивен резултат. Мислам дека тоа е клучно на успехот во ваков турнирски систем на натпревари, изјави искусниот чувар на голот на Македонија, Борко Ристовски.

Според најавите „црвено-жолтите“ ќе имаат голема помош од навивачите кои се очекува во илјадници да пристигнат од сите делови на Македонија, но и од дијаспората во Европа.

Покрај Македонија и Словенија, во Ц групата се и селекциите на Германија и на Црна Гора./МИА

Датум на објава: четврток, 11 јануари 2018 во 20:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар