Репрезентативците на селекциите до 15 и до 16 години  во текот на овие четири дена ќе одиграат пријателски натпревари со нивните врсници од четири кошаркарски клуба во српската престолнина Белград.

Противници на македонските надежи ќе бидат екипите на Црвена звезда, Партизан, Мега Лекс и Земун.

Кошаркарите од двете национални селекции кои во изминатите седум дена се подготвуваа во Скопје, по завршување на турнирот во Белград, на 15 јануари ќе заминат за Истанбул, каде ќе продолжат со активностите играјќи уште неколку пријателски натпревари.

На турнирот во Истанбул, кој е дел од проектот на ФИБА насловен како „Заедно до 16-години“, црвено-жолтите ќе одиграат против Анадолу Ефес, Галатасарај, Дарушафака и најверојатно Фенербахче, топ четирите екипи во овие годишни возрасти во Турција, од кои впрочем потекнуваат и сите репрезентативци на оваа земја./МИА

Датум на објава: вторник, 09 јануари 2018 во 20:28
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар