По триумфите во Загреб пред четири дена, Австриецот вчера и денеска доминираше и на патеките во швајцарскиот ски-центар Аделбоден. Откако вчера победи во велеслаломската, денеска Хиршер победнички ја заврши и слаломската трка.

Тој за само 13.стотинки беше побрз од сонародникот Михаел Мат, додека трето пласираниот Хенрик Кристоферсен од Норвешка заостана вкупно 16.стотинки по двете слаломски трки.

За Хиршер ова беше вкупно седма победа сезонава, со која се зацврсти на врвот на табелата во севкупниот генерален поредок во Светскиот куп, сега со вкупно 774 бодови. Зад Австриецот се Норвежанецот, Кристоферсон (660 бодови), додека пред неговите сонародници Кјетил Јансруд (480) и Аксел Лунд Свиндал (454), сега како трето рангиран е Французинот, Алекс Пинторо (502) .

За Хиршер ова беше 52-та победа во кариерата и е на само две помалку од неговиот сонародник Херман Мајер кој има 54 победи во кариерата, додека на првото место на вечната листа засега е неприкосновениот Швеѓанец, Ингемар Стенмарк со 86 победи. /МИА

Датум на објава: недела, 07 јануари 2018 во 16:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар