Дуелот од 18.коло одигран на стадионот „Санчес Пшицхуан“ заврши со осум постигнати голови и победа на Бетис од 5-3.

Гостите постојано го контролираа резултатот уште од првата минута кога поведоа со голот на Фабиан Руиз. Десетина минути подоцна Висам Бен Једер првпат го израмни резултатот. До крајот на првиот дел беа постигнати уште два гола. Зухар Федал (21.минута) погоди за Бетис, а за Севиља израмни Симон Кјер (40).

Во вториот дел за четири минути беа постигнати три голови. Риза Дурмиси (63) беше стрелец на третиот гол за гостите, а Серхио Леон (65) на четвртиот. Две минути подоцна (67) Клемент Ленгле намали на 3-4, додека конечниот резултат 3-5 за Бетис го постави Тељо во шестата минута од судиското надополнување (90+6).

Севиља останува на петтото место со три бодови помалку од Реал кој денеска гостува во Виго, додека Бетис се проби на осмата позиција на табелата. /МИА

Датум на објава: недела, 07 јануари 2018 во 11:26
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар