Швајцарската комбинација Федерер – Бенчиќ, без загубен натпревар го освоија пехарот наменет за најдобрата мешана двојка на ова натпреварување.
Во финалето Швајцарците со 2:1 во победи, го добија дуелот против германската комбинација Кербер-Зверев.

Иако Германците добро го започнаа натпреварот, откако Александар Зверев го доби првиот сет против Роџер Федерер во тај-брејкот со 7-4, сепак во продолжението искусниот 36-годишен Федерер му препушти само три гема на противникот (6-0 и 6-3), за со 2:1 во сетови да и донесе предност на својата селекција.

Дуелот меѓу дамите и припадна на Германката, Анџелик Кербер која во два сета со 6-4 и 6-1 ја совлада Белинда Бенчиќ, за израмнување на резултатот на 1:1 во победи.

Во решавачкиот натпревар во игра на двојки, искуството на Федерер уште еднаш се покажа како пресудно, па швајцарската комбинација го доби натпреварот со 2:0 во сетови, а со конечни 2:1 во победи го освои и шампионскиот трофеј. 

Датум на објава: сабота, 06 јануари 2018 во 15:42
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар