На седница на ИО на Фудбалскиот сојуз на БиХ, Просинечки доби едногласна поддршка од членовите.

Ќе ја предводи репрезентацијата во Лига на нации и во квалификациите за ЕП 2020 година.

Во тренерската кариера ја водел Црвена звезда, Кајсериспор како и репрезентацијата на Азербејџан. Како играч беше дел од Динамо Загреб, Црвена звезда, Реал Мадрид, Барселона, Севиља. 

Датум на објава: сабота, 06 јануари 2018 во 13:13
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар