Црвено-белите еден натпревар во европските натпревари ќе играат пред празни трибини што значи дека нема да имаат помош против ЦСКА во 16-на финалето од Лигата Европа.

Казната во изјава за Танјуг ја потврди генералниот директор на клубот Звездан Терзиќ кој најави жалба на одлуката.

Навивачи на Црвена звезда за време на натпрварот во Белорусија на 23 ноември му дадоа поддршка на Ратко Младиќ што УЕФА го оквалификува како расистичко однесување и одреди казна за српскиот фудбалски клуб.

Натпреварот Црвена звезда – ЦСКА ќе се одигра на 13 февруари. 

Датум на објава: петок, 05 јануари 2018 во 16:18
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар