Давитков преку својот Фејсбук профил објави дека во новата 2018 година ќе работи во Кадсиа.

- Нова година – нов клуб... или можеби стар. Кадсиа Кувајт повторно по седум години, напиша македонскиот селектор.

Тој беше дел од истиот клуб од 2008 до 2011 година, и со него освои шест титули, од кои три шампионски на Кувајт, еден Куп на Кувајт и еден шампион на ГЦЦ.

- Се надевам дека тоа ќе го направиме уште еднаш, објави Давитков на Фејсбук. 

Датум на објава: среда, 03 јануари 2018 во 10:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар