Црвена Звезда како гостин го совлада Милано со 91:88. Ова за „црвено-белите“ беше шести триумф по 15 одиграни натпревари, додека Милано остана на последното место со четири победи.
Македонскиот интернационалец во дресот на Црвена Звезда Перо Антиќ, дуелот го заврши со 5 поени, 4 скокови и 5 асистенции, додека Американецот со македонски пасош кај Милано Џордан Теодор постигна 10 поени. Најефикасен на дуелот беше Џејмс Фелдин со 19 поени.

На другите дуели од 15.коло одиграни синоќа: Басконија - ЦСКА Москва 81:90, Химки - Барселона 65:79 и Анадолу Ефес - Бамберг 69:58.

Лидер на табелата е ЦСКА Москва со скор 12 победи и 3 порази./MИА

Датум на објава: сабота, 30 декември 2017 во 10:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар