Соколов поради провреда ги пропушти последните две средби на МЗТ Скопје, дуелите против ФМП во АБА лигата, како и средбата пред три дена против АВ Охрид во домашниот шампионат.

Иако искусниот бек е во експедицијата на македонскиот првак, сепак неизвесно е колку и дали воопшто тренерот Жељко Лукајиќ ќе може да смета на искусниот бек.

Дуелот против Задар е можеби и последната шанса за МЗТ Скопје, да остане во игра за подобар пласман, односно да го избегне дното на табелата, а со тоа и испаѓање од АБА лигата.

Аеродромци ги очекува тежок меч, дополку се земе и во предвид традицијата во дуелите против Задар, во кои хрватската екипа има шест наспроти петте победи на МЗТ кој досега се има радувано само на една победа на четирите меча одиграни во арената „Крешимир Ќосиќ“.

Притисокот е дополнително поголем со оглед на факотот дека кошаркарите на МЗТ Скопје се немаат радувано на победа од 16 октомври, по што следуваше серијата од дури девет порази во низа.

Дуелот Задар – МЗТ Скопје на програмата е утре од 20 часот, а е првиот од 14.коло во АБА лигата./МИА

Датум на објава: четврток, 28 декември 2017 во 18:26
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар