- Нема да ги бојкотираме игрите. Доколку наши спортисти сакаат да настапат тоа ќе биде нивни личен избор. Мора добро да ги анализираме документите што предизвикаа таква одлука, но сега знаеме дека некои сведочења потекнуваат од луѓе чиј морален и психолошки профил е под знак прашање, изјави Путин.
Тој упати и неколку пораки до МОК.

- Одлуката на МОК во секој сучај е политичка одлука. Сите тоа го гледаме и на мене ми е целосно јасно, нагласи Путин.
МОК вчера во Лозана наведе дека руски спортисти кои ќе исполнат критериуми и ќе потврдат негативни анализи за допинг ќе може да настапат на ЗОИ во Јужна Кореја, но под олимписко знаме./MИА

Датум на објава: среда, 06 декември 2017 во 19:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар