До 46. победа во кариерата Хиршер стигна со времето 2:37.30 минути.

На победничкиот подиум како второпласиран се искачи Хенрик Кристоферсен со 88 стотинки заостанување, додека трет беше Штефан Луиц со 1,03 секунди побавно време од победникот.

Во Генералниот пласман води Кјетил Јансруд (Норвешка) со 249 поени, втор е неговиот сонародник Аксел Лунд Свиндал со 245.

Следната трка од Светскиот куп е следниот викенд во Вал д'Изере кога повторно ќе се вози велеслалом. 

Датум на објава: понеделник, 04 декември 2017 во 09:43
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар