Подобар од македонскиот вицепрвак синоќа беше Спортинг, која во Лисабон триумфираше со 31:27.

На натпреварот двете екипи имаа периоди на добра игра, кои ги крунисаа со поголеми серии, но и периоди на длабоки кризи, кога дозволуваа противникот да постигне поголем број голови во низа. Подебелиот крај го извлече Металург, кој последен влезе во кризна состојба и не успеа да се извлече.

Металург неоспорно беше подобриот тим во првото полувреме. Поведе со 1:5, уште во 10. минута, но подоцна исто така лесно и ја испушти високата предност, па му дозволи на Спортинг да направи пресврт и да дојде до 11:9. Сепак, првото полувреме заврши со водство на Металург 12:15.

Второто полувреме ракометарите на Металург загубија свежината и по низата технички грешки, нереализирани напади и лесно примени голови при неформирана одбрана го загубија мечот.

Тимот од Автокоманда настапите во Д-групата од ЛШ ги завршува со на едно од последните две места, со две победи, еден нерешен резултат и седум пораз. /МИА

Датум на објава: недела, 03 декември 2017 во 09:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар