Средбата е закажана за 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански".

Во претходните натпревари со шведскиот тим Вардар секогаш победувал, а со оглед на моменталната форма и квалитетот на двете екипи се очекува бодовите и денеска да го освои македонскиот првак кој е и актуелен европски шампион.

Полн успех очекува и капитенот Стојанче Стоилов

- Не треба да се опуштиме, досега немаме пораз и се оди добро. Да не ја разочараме публиката на крајот од годинава, вели капитенот Стоилов.

Досега Вардар одиграл пет натпревари со Кристијанштад. На последниот меч кај нив победи со 26-23. Ова е трета сезона по ред како се среќава со тимот од Шведска во групната фаза. Лани исто така првиот меч го играше во Шведска и победи со 28-23, а во реваншот во Скопје триумфира со 32-29.

Вториот македонски претставник во шампионската лига, тимот на Металург кој ги загуби шансите за пласман во следната фаза, вечер од 21 часот игра со Спортинг. /МИА

Датум на објава: сабота, 02 декември 2017 во 12:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар