За вардарци тоа беше 132 одигран натпревар во СЕХА лигата.

Сезонава Вардар има осум победи, или 14 по ред вклучувајќи ја завршницата од минатата сезона.

На досегашните 132 натпревари во СЕХА, Вардар има постигнато 3.963 гола, а примено 3.379, со просек од 30 постигнати голови по натпревар.
Македонскиот првак е еден од четирите тима во СЕХА лигата што играат од самото основање на лигата од сезоната 2011/2012. Вардар е еден од двата тима што играл на сите досегашни Ф4 турнири. Од тоа петпати играл во финале, и трипати победил, рекорд што досега ниту една друга екипа го нема постигнато.

До крајот на годината Вардар ќе одигра уште три натпревари во СЕХА Газпром лигата. На 5 декември со Војводина, на 9 декември против Металург, а на 13 декември гостуваме во Словенија кај Горење.

Актуелниот македонски, европски и регионален шампион во моментов има серија од 18 натпревари без пораз од кои осум се во СЕХА Газпром лигата, девет во ЕХФ лигата на шампионите и еден меч во домашниот Супер Куп.

Датум на објава: среда, 29 ноември 2017 во 09:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар