За него ова беше 1.081-ви дуел од 2003 година кога почна да настапува во најсилната кошаркарска лига.

Кошаркарот на Кливленд Кавалирс кој имаше голем придонес ноќеска во победата над Мајами Хит (108:97) беше испратен предвреме во соблекувалната.Судијата Кејн Фицџералд го исклучи Џејмс поради вербален напад со вулгарни зборови.

Џејмс протестираше поради наводно не досудена лична грешка над него.

За 28 минути поминати на паркетот Џејмс постигна 21 поен, со шест асистенции и 12 скока. 


Датум на објава: среда, 29 ноември 2017 во 09:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар