Конечната победа е минимална, иако македонскиот претставник на полувреме имаше пет голови предност (18:13), а во средината на вториот дел и високи +11 (26:15).

Кога се чинеше дека Металург лесно и убедливо ќе го совлада второпласираниот тим во СЕХА-лигата, почна вистинска драма. За само 13 минути Татран успеа да ја намали разликата за десет гола и да се најде на само чекор од сензација. Сепак, на крајот немаше целосен резултатски пресврт.
Јагањац со 9 голови беше најефикасен во домашниот тим, Буторац се истакна кај Татран со 11 погодоци.

По осум одиграни натпревари Металург со 9 бода е на 7. Место. Татран е втор со 15. Лидер е Вардар со максимални 24 бодови. 

Датум на објава: среда, 29 ноември 2017 во 09:07
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар