Вардар оваа сезона во СЕХА лигата е лидер и има максимален учинок седум победи, додека Нексе се наоѓа на осмото место со пет бодови и само една победа. „Црвено-црните“ фаворитската улога ја имаат и на овој натпревар.

- По натпреварот во Германија против Рајн Некар Ловен, следуваат дуелите и во СЕХА лигата. Нашата цел е јасна сакаме да го задржиме првото место. Нема да имаме многу време за подготовки за овој дуел, а ќе играме против еден силен и квалитетен состав. Верувам дека ќе продолжиме со добрите игри во ова натпреварување, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.

Дуелот Нексе - Вардар се игра утре со почеток во 19 часот./МИА

Датум на објава: понеделник, 27 ноември 2017 во 21:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар