Филип Кузмановски еден од најистакнатите поединци во редовите на металург најавува голема борба и атак на бодовите на дуелот со Мотор Запорожје во рамките на 9. коло на групната фаза на Лигата на шампионите.

- Тие се силна екипа која овде доаѓа да не победи. Но, ние секако нема да се предадеме. Ние сме млад тим кој од натпревар во натпревар растеме како играчи. Ветувам голема борба и дека ќе дадеме се од себе да оствариме позитивен резултат. Ја повикувам публиката да не бодри и на овој меч, изјави Кузмановски.

Мечот меѓу Металург и Мотор Запорожје ќе се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 17:30 часот.

Потсетување дека утре, македонскиот и европски првак Вардар гостува во Мајнхајм, кај Ран-Некар Левен во дуел од А групата во која црвено-црните се лидери со два бода повеќе токму од германскиот тим. 

Датум на објава: сабота, 25 ноември 2017 во 13:25
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар