Резултатот по основните 48 минути беше 96:96, а по продолжението Бостон победи со 110:102.
Уште една маестрална партија прикажа Кајри Ирвинг кој натпреварот го заврши со 47 поени, шест асистенции и три скока.
Во домашниот тим најефикасен беше Харисон Барнс со 31 поен.
Бостон има најдобар ефект во досегашниот дел од НБА лигата со 16 победи и два пораза, додека Далас е екипата со најлош скор – 15 порази и само три победи. 

Датум на објава: вторник, 21 ноември 2017 во 09:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар