Според распоредот и освоеното место на табелата во првиот круг македонскиот првак на првиот меч во Главната фаза ќе биде домаќин на крајот од јануари 2018 година.
Вардар пренесува осум бода во Главна фаза, два повеќе од Мец и четири повеќе од ФТЦ и Будуќност. Германски Битигхајм има два бода, а Турингер стартува без бодови.

Распоред на натпревари на Вардар во Главна фаза

1. коло: (26-28 јануари 2018) Вардар - Мец
2. коло: (02-04 февруари 2018) Битигхајм - Вардар
3. коло: (09-11 февруари 2018) Вардар - Будуќност
4. коло: (23-25 февруари 2018) Мец - Вардар
5. коло: (02-04 март 2018) Вардар - Битигхајм
6. коло: (09-11 март 2018) Будуќност - Вардар

Првите четири екипи од оваа група потоа вкрстуваат со четирите најдобри од другата група и ќе се борат за пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта. 

Датум на објава: понеделник, 20 ноември 2017 во 09:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар