Стрелец на решавачкиот гол беше Доминик Клајн на пет секунди пред крајот, откако претходно Загреб на десет секунди го изедначи резултатот. Клајн погоди од центарот на празен гол, а во последните секунди голманот на Нант, Сирил Думолин успеа со интервенција да ја зачува победата на својот тим.
Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров за Нант постигна пет голови, а голманот Думолин имаше 13 одбрани.
На вториот дуел од групата одигран денеска ПИК Сегед и го нанесе на Барселона вториот пораз откако славеше со 31:28, а Борко Ристовски имаше три одбрани.
На третиот дуел од оваа група одигран попладнево Висла и Кристијанштад нерешно 25:25.
Прв на табелата во групата е Вардар со 15 бодови, Рајн Некар Ловен и Нант имаат по 11, Барселона 10, ПИК Сегед 9, Кристијанштад 4, а на последните две места без победи со по 2 бода се Висла и Загреб./МИА

Датум на објава: недела, 19 ноември 2017 во 21:30
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар