Селтикс ја продолжија победничката серија од 14 победи, по двата почетни порази, додека ГС го запишаа четвртиот пораз во 15 натпревар оваа сезона.
Гостите по првата четвртина имаа десет поени предност (28:18), водеа во два наврата и со 17 поени разлика (44:27 и 66:49), но и тоа не беше доволно на крајот да се радуваат. Бостон со серија од 19:0 ја анулира негативата и на крајот славеше победа.

Џејлен Браун со 22, Ал Хорфорд со 18 и Кајри Ирвинг со 16 поени беа најзаслужни за победата на „зелените“, додека Кевин Дурант беше најефикасен кај Голден Стејт со 24 поени. 

Датум на објава: петок, 17 ноември 2017 во 09:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар