Според Марадона играчите не се виновни за слабите резултати, а тој индиректно фрли вината на селекторот Хорхе Сампаоли.
Марадона, исто така, потсети дека има најдобри резултати во споредба со последните неколку селектори на Аргентина.

- Кој има повеќе победи? Направете свои заклучоци. Бесен сум затоа што тимот го урива нашиот углед, но вината не е кај фудбалерите. Сакам да се вратам на чело на тимот.

Марадона ја предводеше Аргентина во 2008-2010 година. Во моментов работи во Обединетите Арапски Емирати во екипата на Ал Фуџара./MИА

Датум на објава: среда, 15 ноември 2017 во 09:28
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар