Прес-службата на натпреварот потврди дека најдобриот играч во светот не е во можност да продолжи со натпреварите во Лондон, па на негово место ќе биде резервата Пабло Карењо Буста.

Надал синоќа во 1. коло од групата „Пит Сампрас“ за првпат во кариерата беше поразен од Белгиецот Давид Гофан (2-1).

Учеството на Шпанецот во Лондон беше под прашање речиси до последен момент. Тој го пропушти и Мастерс во Париз поради проблеми со коленото. /МИА

Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 08:56
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар