-Знаев што се случува на останатите натпревари и во тие моменти се обидов тоа да им го пренесам на фудбалерите на Перу, изјави Фалкао.

На натпреварот одигран во Лима, Колумбија поведе, а Пери изедначи во 76.минута. Тој резултат (1:1) им одговараше на двете репрезентации, бидејќи Парагвај губеше од Венецуела, а Чиле од Бразил. Во тие моменти Фалкао пријде до неколку противнички играчи им ја соопшти поволната вест, а тоа од медиумите се протолкува како договарање резултатот да остане ист.

Неспортскиот потег на Фалкао предизвика бес кај навивачите на Чиле и пошироко. 

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 12:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар