Тој беше најбрз во трката меѓу   12 те  пливачи од 6 земји, кои точно на пладне ги разбрануваа водите на Охридското езеро на градскот кеј од старото пристаниште.
Најдобар од македнските пливачи е  Александар Иливевски кој се пласира на третото  место.
10 мина натпреварувачи беа  во машка и двајца  во женска категорија.Во женска конкуренција подобра беше бугарката  Василики Кадоглу, која прва стигна до целта.
За регуларноста на трката  се погрижија  врвни судии–делегати на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).
Интенција на организаторот Клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008  е овој маратон како олимписка дисциплина да стане дел од официјалните натпревари вреднувани и бодувани од ФИНА.
Овој спортски настан денес претставува  испит за организаторот со можност од идната година Охрид да биде домаќин на свески куп во олимписки маратон и место каде би се одржувале квалификации за пливачи за учество на олимпијадата во Токио 2020 г. 

Датум на објава: сабота, 12 август 2017 во 15:10
Соња Рилковска

коментари

остави коментар