Првото дерби на двата најголеми претенденти за шампионскиот трофеј и во новата сезона, ќе се игра ден порано од останатите средби, поради настапот на двата тима на европската сцена.

Вардар веќе на 17 август во Скопје ќе го пречека турскиот гигант Фенербахче, додека Шкендија истиот ден ќе му гостува на италијанскиот Милан.

Денешната средбата меѓу Шкендија и Вардар ќе започне од 17 часот, термин во кој утре ќе стартуваат и преостанатите четири натпревари од воведното коло, во кои ќе играат: Победа – Пелистер, Работник – Ренова, Шкупи - Академија Пандев и Силекс – Скопје. 

Датум на објава: сабота, 12 август 2017 во 12:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар