На средбата одиграна во Лондон, иако гостите од Лестер од победата ги делеа осум минути, сепак „топџиите“ беа оние кои на крајот се радуваа.

Арсенал поведе уште во 2.минута со голот на Александре Лаказет, но во 5-тата минута Лестер израмни преку Шињи Оказаки. Својот прв гол на мечот Џејмс Варди го постигна во 29.минута за водство на Лестер од 1-2, но во втората минута од судиското дополнение на првото полувреме (45+2) Дани Велбек израмни на 2-2.

Во вториот дел. Варди во 56.минута повторно му донесе предност на Лестер (2-3). Сепак, откако домашниот тренер Арсен Венгер се фрли на една карта, токму замените му донесоа три бода. Арон Рамзи во 83.минута израмни на 3-3, а две минути подоцна (85) Оливие Жиру ги постави конечните 4-3 за Арсенал.

Денеска и утре на програмата се останатите девет натпревари: Ватфорд – Ливерпул, Челзи – Барнли, Кристал Палас – Хадерсфилд, Евертон – Стоук, Саутемптон – Свонси, ВБА – Борнемут, Брајтон - Манчестер Сити (сабота), Њукасл – Тотенхем и Манчестер Јунајтед - Вест Хем (недела). /МИА

коментари

остави коментар