Тие во првото полуфинале го победија европскиот првак ЦСКА Москва со 82:78 (12:18; 21:22; 27:24 и 22:14). Решавачката предност Олимпијакос ја создаде во последната четвртина.

Четири играчи кај победничката екипа имаа двоцифрен број поени: Василис Спанулис, Јоргос Пинцезис и Костас Папаниколау сите по 14, а Вангелис Мацарис 12. Најефикасен на дуелот беше Милош Теодосиќ од ЦСКА Москва со 23 поени.

Во второто полуфинале од 20:30 часот играат Фенербахче и Реал Мадрид. 

Финалето на „фајнл фор“ турнирот се игра во недела (21.мај). /МИА

Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 20:08
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар