Шпанските медиуми шпекулираат дека раководството на Реал го условило Зидан со освојување на Примера или Лигата на шампионите или во спротивно ќе ја види излезната врата од Сантијаго Бернабеу.

Шпекулациите одат дотаму што наводно Реал веќе нашол и замена за Зидан и тоа актуелниот селектор на Германија, Јоаким Лев.

Тоа значи дека Зинедин Зидан не смее да загуби ниту еден натпревар во следните месец и половина, освен се разбира некој во полуфиналниот двомеч со Атлетико Мадрид во шампионската лига што може да биде коригиран во реваншот или обратно.

Датум на објава: вторник, 25 април 2017 во 18:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар