По поразот на гостувањето во Белград кај Црвена звезда екипата на Цибона ја загуби и теоретската шанса за настап во завршницата.

На четири кола до крајот јасно е дека покрај актуелниот шампион Црвена звезда во плејофот ќе играат уште Будуќност, Цедевита и Партизан.

Резултати и пласман по одиграните натпревари од 22.коло во АБА лигата:

Задар - Морнар 80:62,
Будуќност - Карпош Соколи 95:61,
ФМП – Унион Олимпија 89:79,
МЗТ Скопје Аеродром – Крка 89:65,
Црвена звезда – Цибона 69:56,
Цедевита – Партизан 79:67 и
Мега Лекс – Игокеа 101:84.

Табела: Црвена звезда 21-1 (победи-порази), Цедевита 16-6, Будуќност 16-6, Партизан 16-6,  Цибона 11-11, Игокеа 10-12, Олимпија 9-13, ФМП 9-13, Карпош Соколи 9-13, Мега Лекс 8-14, МЗТ Скопје Аеродром 8-14, Морнар 7-15, Крка 7-15 и Задар 7-15. /МИА

коментари

остави коментар