Првиот погодок беше постигнат во 34.минута и е сомнителен, бидејќи напаѓачот на „топчиите“ играше со рака. Вториот гол или вкупно 17. сезонава, Санчез го даде од пенал во судиското надополнување од втрото полувреме. На пеналот му претходеше игра со рака на Сем Клукас кој доби црвен картон.

Од 16 часот играат:

Манчестер Јунајтед – Вотфорд,
Мидлсброу – Евертон,
Стоук – Кристал Палас,
Сандерленд – Саутемптон,
Вест Хем – Вест Бромвич Албион.

Последниот денешен дуел е меѓу Ливерпул и Тотенхем со почеток во 18:30 часот.

Двојките за утре се Свонси – Лестер и Барнли – Челзи, а колото ќе биде заокружено в понеделник со средбата Бурнмут – Манчестер Сити.
Табела: Челзи 59 бода, Тотенхем 50, Арсенал 50, Манчестер Сити 49, Ливерпул 46, Манчестер Јунајтед 45,... 

Датум на објава: сабота, 11 февруари 2017 во 16:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар