Тој почина во болницата во Ботафого, во близина на родниот град Рио, откако беше хоспитализиран пред еден месец поради проблеми со дишењето.

Бразилецот беше на чело на ФИФА во периодот 1974-1998, кога тој беше наследен од страна на Џозеф Блатер.

Од 1963 до 2013 беше член на Меѓународниот олимписки комитет, како поранешен пливач и ватерполист на Бразил.

Избран е за почесен претседателот на ФИФА, но поднесе оставка по скандалот со корупција за Светското првенство во Бразил 2014. /МИА

Датум на објава: вторник, 16 август 2016 во 14:43
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар