Двата тима ќе играат без притисок особено што на неколку натпревари пред крајот на лигата екипите ги знаат потенцијалните ривали за „фајнл фор“ турнирот.

Почетокот на дуелот е во 17 часот и 45 минути.

Покрај овој натпревар попладнево играат и другите два тима учесници на „фајнл фор“ Загреб е домаќин на Мешков Брест.

Вардар најверојатно во полуфиналето во Вараждин (домаќин на фајнл фор) ќе игра со ППД Загреб, додека противник на Веспрем ќе биде Мешков Брест.

Сите четири екипи натпреварите што ќе ги одиграат до крајот на лигата ќе ги искористат како подготовка за осминафиналните дуели од Лигата на шампионите.

Табела: Веспрем 43 бодови, Вардар 40, ППД Загреб 36, Мешков Брест 36, Татран Прешов 28, Нексе 22, Војводина 15, Борац 11, Спартак 10, Макс Струмица 2.

Датум на објава: вторник, 08 март 2016 во 10:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар