Синоќа на „Филип Втори“ во Скопје по основните 90 и дополнителните 30 минути игра беше нерешено 1:1.

Вардар поведе преку Филип Ивановски во 12.минута, а Работнички изедначи со голот на Баже Илијоски во 47.минута.

Во продолженијата немаше погодоци па се пријде кон изведување пенали. Голманот на „црвено-црните“ Филип Гачевски со две одбрани му го донесе трофејот на својот тим.

Пенал рулетот го започнаа фудбалерите на Работнички кои погодија преку Цикарски, а за Вардар израмни Хамбарџумјан. Во втората серија Вујчиќ и Стојков беа сигурни, а во третата погоди Илиевски, но обидот на вардаровиот голгетер Ивановски го одбрани Шишковски. Следуваше одбрана Гачевски по обидот на Алтипармаковски, за да израмни Глигоров со прецизен удар. Нова одбрана на Гачевски по обидот на Ристевски, а Фелипе на крајот ја затресе мрежата за победа на Вардар од 4:3 по пеналите, и освојување на вториот пехар во Супер-Купот во историјата, по оној во 2013 година.

Работнички и Вардар веќе в недела ќе имаат уште еден меѓусебен дуел. Овој пат во рамките од 8. коло во македонскиот шампионат.

коментари

остави коментар