Прво место за Стефановски на втората трка во Нирбургринг

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе постигна одличен резултат откако на втората трка на патеката во Нирбургринг го освои првото место и на двете трки на оваа патека денеска успеа да се искачи на победничкиот подиум. Стефановски во првата трка беше второпласиран.