Македонски Приказни

Секој работен ден во 17:15, по една нова македонска приказна од тимот на Канал 5. Во тек е новиот серијал македонски приказни во наша сопствена продукција во кој акцент е ставен на хуморот, зашто смеата дефинитивно најмногу недостига во нашето секојдневие... „Жените што се бричат“, „Комшијата вампир“, „Итриот комарџија“, „Бричен поп“, „Дедо сака да се жени“, „Мотика“, „Ни пари ни стари“, „Снаата бегалка“ итн., се само дел од вкупно 60-те приказни предвидени за емитување до крајот на 2017 год.