Ноќен менаџер

Од понеделник, 15-ти мај, програмата на Канал 5 ќе биде збогатена со една од најдобрите британски серии за  2016-та. Серијата заради која прочуениот д-р Хаус (Хју Лори) доби ѕвезда на Булеварот на славните, а најшармантната британска ѕвезда Том Хидлстон ( познатиот негативец Локи од мега хитовите „Тор“ и „Одмаздници“) - статус на најдобар иден кандидат за Џејмс Бонд, пристигнува во Македонија!

Шпионското ремек дело на Џон ле Каре, режирано од Оскаровката Сузан Бир, со големите британски ѕвезди Хју Лори и Том Хидлстон, со 37 номинации за највисоките филмски награди, освоени 2 Еми награди за режија и музика и 3 Златни глобуси за најдобар главен машки лик и најдобар спореден машки и женски лик, ќе ве импресионира со својата напнатост, храброст, зло, љубов и копнеж, барање на сопствената суштина во светот кој отишол по ѓаволите.