Мајка

Од понеделник до петок во 17 часот! Новата играна серија „Мајка“, ќе Ве внесе меѓу најбогатите фамилии во Истанбул, во домот на килимарот Јилмаз како еден од најпочитуваните трговци и колекционери во Турција. Во една иста серија, додека една мајка ќе се бори со најосновните егзистенцијални потреби за опстанок, друга мајка, од безделничење и вишок време, ќе крои деструктивни филмови на љубомора и ќе го растажува синот со обвинувањата дека татко му има љубовница... Силна пожртвуваност на едната страна, наспроти целосно откажување од другата... Тешка сиромаштија на едната страна, наспроти богатство и луксуз на другата... Секој гледач ќе пронајде нешто интересно за себе! Гледајте „Мајка“ - од понеделник до петок во 17 часот!