МЕНИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ СПОРТ ПРОГРАМА ПРОГРАМА 5 + ЕМИСИИ СЕРИИ КОНТАКТ

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИ

вторник, 13 февруари 2018 во 18:32
img

Дур и Мирошич во посета на Македонија
Заменик министерот за европски прашања во МНР на Република Чешка, Јакуб Дур и државниот секретар во МНР на Република Словенија, Изток Мирошич, во заедничка посета на Република Македонија

Во македонското МНР, високите претставници од чешкото и словенечкото Министерство за надворешни работи, остварија средба со државниот секретар, Виктор Димовски, со кого разговараа за европската интеграција на Република Македонија и конкретните чекори што престојат во контекст на Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година, објавена минатиот вторник, за интеграцијата на Македонија во НАТО, како и за внатрешно-политичката состојба во нашата земја и односите со соседите.

Заменик министерот Дур и државниот секретар Мирошич, во разговорите ја потврдија јасната поддршка од Чешка и Словенија на европската и евро-атлантската перспектива на Република Македонија, соопштуваат од МНР . 

КАТЕГОРИИ НА ВЕСТИ

КАНАЛ 5 Мобилна Верзија

Добредојдовте на веб страната на Канал 5 Телевизија, оптимизирана за приказ на мобилните уреди или Вашите таблет персонални компјутери.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Контактирајте не и дознајте ги информациите кои ви се потребни.

СТАНДАРДНА ВЕРЗИЈА