МЕНИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ СПОРТ ПРОГРАМА ПРОГРАМА 5 + ЕМИСИИ СЕРИИ КОНТАКТ

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИ

вторник, 13 февруари 2018 во 16:18
img

Како “тенисерот“ Дарко Грнчаров успеа да ги измами Серена Вилијамс, Навратилова и „Би-Би-Си“
Како 20 годишно момче од земјата на лажните вести успеа да ги прелаже Мартина Навратилова, Серена Вилијамс и „Би-Би-Си“.

Со овие зборови Бен Ротенберг, американски новинар кој пишува и за „Њујорк тајмс“, ја започнува својата колумна, во која ја открива приказната за лажниот тенисер од Македонија.

Тој неодамна почнал да истражува кој е навистина тенисерот што со своите ставови и коментари ги воодушеви Серена Вилијамс, Мартина Навратилова, Виктор Троицки.

“Тенисерот“ Дарко Грнчаров, кој минатата година беше во кома шест месеци и кој со својата тажна животна приказна ја воодушеви дури и Серена Вилијамс – не постои.

Од вчера се изгасени неговите профили на социјалните мрежи, а до неодамна речиси сите светски медиуми пишуваа за неговиот живот.

Откако се расчу за неговата животна приказна, се јави и светската тенисерка Серена Вилијамс, која му испрати и приватна порака во знак на поддршка велејќи му дека одвај чека да го запознае.

Со Грнчаров интервју направи дури и Би-би-Си. Тие пишуваа за неверојатниот живот на момчето што се разбуди од кома и му се врати на тенисот, но никој веројатно не обрна внимание дека „тенисерот“ никогаш не објавува фотографии на кои му се гледа ликот.

Дури и видеата од неговите тренинзи никогаш не го прикажуваа неговото лице.



Единствениот натпревар некаде заведен е на јуниорски турнир во Подгорица, каде што загубил без добиен сет од Никола Вукотиќ, тенисер кој има само една победа во седум години јуниорски тенис.

Screenshot: a screenshot from the verified Twitter account reportedly belonging to Darko Grncarov dated July 19, 2017, details his alleged story about a stroke and recovery. Screenshot from Twitter.

Откако Грнчаров изјавил дека добил понуда за рекламирање на „Адидас“, компанијата преку „Твитер“ му порачала „Добредојде во семејството Дарко“. Според него, негов спонзор е и компанијата за тениски рекети „Вилсон“.

Но, откако дел од светските медиуми сфатиле дека приказната за Дарко е предобра за да биде вистинита, а тој доаѓа од земја во која се измислени лажните вести, започнува да се открива вистината за него.

Пред таа целосно да се открие, Грнчаров веќе дава интервјуа за десетици светски медиуми, во кои зборува за неговата кариера како тенисер и за неговото неверојатно враќање од кома до тениските терени.

Во јули Грнчаров објавил дека по една година во кома му се вратила свеста и сега е посилен од пред ударот. Лагите поврзани со него вклучуваат и тоа дека неговиот сервис патува со брзина од 183 км на час, што е меѓу побрзите во светот, и дека соработува со српскиот тенисер Виктор Троицки, кој изјавил дека воопшто не знае кој е Дарко.



КАТЕГОРИИ НА ВЕСТИ

КАНАЛ 5 Мобилна Верзија

Добредојдовте на веб страната на Канал 5 Телевизија, оптимизирана за приказ на мобилните уреди или Вашите таблет персонални компјутери.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Контактирајте не и дознајте ги информациите кои ви се потребни.

СТАНДАРДНА ВЕРЗИЈА