Избор на најдобри рецепти - нова сезона

Започнa новата сезона од „Изборот на најдобри рецепти“ како најпочитуван и најгледан тв кулинарски избор кој секогаш стартува во втората половина од телевизиската сезона, во зима, кога реално, многу повеќе време поминуваме дома, а кујната и трпезата се речиси незаобиколни...

Потрагата по најдобри рецепти на одредена тема, на територијата на целата Република, се емитува во деновите: понеделник, вторник и среда од 10:20 до 11 часот на програмата на Канал 5, а во четврток во 10 часот е студиското гласање во живо, во кое ќе се избира победникот на неделата. Четврточното шоу во студио, ќе биде зачинето и со ревијално учество на позната личност која ќе го претстави својот најдобар рецепт на неделната тема за натпревар.



ИНФОРМАЦИИ ЗА НАЧИНОТ НА ПРИЈАВУВАЊЕ


Доколку сте умешни во готвењето и декорирањето, Канал 5 ТВ Ви овозможува да учествувате во „Изборот на најдобри рецепти“. Секој работен ден од понеделник до среда на Канал 5 ќе бидат презентирани рецептите за специјалитети на одредена тема кои Вие ќе ги подготвувате во домашен амбиент.

Во четврток сите гледачи на нашата телевизија преку телефонско гласање во живо, на обичната телефонска линија (02) 30-91-557 ќе го избираат најдобриот рецепт, односно готвачот на неделата кој како награда ќе добие пакет производи во вредност од 3 000 ден.

Пријавувањето за учество е на следната мејл адреса: vane.m@kanal5.com.mk

За евентуални подетални информации, можете да не' контактирате на 072 208 206 (обична телефонска линија), секој работен ден од 8 до 16 часот.