Никогаш не е доцна

Во тек е третата сезона од најемотивното музичко шоу на Балканот кое ги спојува музичките таленти од цел регион, кои имаат над 45 години. Освен натпреварувачкиот карактер, шоуто „Никогаш не е доцна“ испраќа и силни пораки за животот, и им овозможува на повозрасните генерации евоцирање спомени од за нив, убавите и безгрижни времиња... Македонија како двоен победник и во првата и во втората сезона, со неколку фантастични кандидати претендира за триумф и во оваа трета сезона. Само напред! Вторник 21.30.